Кениската атлетска легендда, Елиуд Кипчоге го собори сопствениот светски рекорд во маратон за 30 секунди, победувајќи на маратонот во Берлин со време од 2 часа, 1 минута и 10 секунди.
Олимпискиот шампион од Рио и Токио, на половина трка имаше темпо со кое ќе ја срушеше „магичната“ бариера од 2 часа, но иако успори во финишот, времето беше доволно да го подобри неговиот рекорд од Берлин во 2018 година. Зад 37-годишниот Кипчоге беше неговиот сонародник, Марк Корир со 2:05:58, додека третото место го освои Етиопјанецот Таду Абате со 2:06:28.
Кипчоге, кој во петокот одби да прогнозира рекорд и изјави дека сака само добр трка, започна фуриозно во првите 10 километри, поддржуван од седум тркачи, пред шампионот од 2021, Гује Адола да успори по 18 километри. Кипчоге остана сам по 25-тиот километар, но откако немаше вистинска конкуренција не можеше да оди на време по 2 часа.
Ова беше четврта победа за Кипчоге во Берлин, со што се израмни со Етиопјанецот Хаиле Гебрселасие, кој победуваше од 2006 до 2009 година.