Top Sport

„Тиквеш“ ја спонзорира Црвена звезда

Спортското друштво Црвена звезда својот спонзорски тим го засили со компанијата „М6“. Станува збор за соработка помеѓу фудбалскиот и кошаркарскиот тим на Црвена звезда и брендовите „Тиквеш“ и „БИП“.

„Сакам посебно да ги поздравам нашите деловни партнери, директорот на’ БИП’ Александар Поповски, директорот на „Тиквеш“ Радош Вукичевиќ и да му изразам голема благодарност на сопственикот и директор на компанијата ‘М6’, Светозар Јаневски, што во Црвена звезда препознаа можност со заедничко дејствување да работат на освојување на пазарите за своите производи користејќи го најголемиот српски и регионален бренд Црвена звезда“, рекол претседателот на Собранието на спортското друштво Црвена звезда, Петар Шкундриќ.

„Делиме исти вредности и тоа е нашиот мотив за поддршка на Црвена звезда. Тоа е традиција, константата во квалитетот и амбицијата да бидеме први, први во регионот, први во Европа. Се надевам дека заеднички ќе се искачиме на европскиот врв“, рекол генералниот директор на „Тиквеш“, Радош Вукичевиќ.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');