Иако сè уште нема ниту еден настап за тимот на Дидие Дешам, фудбалерот на Челзи, Весли Фофана, се уште не се откажал од сонот да заигра за француската репрезентација.
Меѓутоа, доколку тоа не се случи, Фофана има друга опција.
Како што пренесува француски „Лекип“, Брегот на Слоновата коска се надева дека ќе успее да го убеди 21. годишниот дефанзивец да ја промени својата одлука и наместо за Франција да игра за нивната репрезентација.
Фофана има настапувано само за младата селекција на „триколорите“ (У-21).
Поради ова, Брегот на Слоновата коска се обидува на секој начин да ја убеди Фофана да се премисли и да заигра за нивната репрезентација.
Медиумите пренесуваат дека родителите на фудбалерот се воодушевени од идејата.
Сепак, француските медиуми пренесуваат дека Фофана не само што верува дека ќе може да игра за сениорската селекција на Франција, тој е убеден и дека ќе се најде на списокот на играчи за Светското првенство во Катар.