Рони О’Саливен, актуелниот и седумкратен светски шампион во снукер, доживеа елиминација во првото коло на Отвореното првенство на Британија во Милтон Кејнс.
Швајцарецот Александар Урсенбахер беше подобар од славниот Англичанец со резултат 4:1. Интересно, Урсенбахер победи на три од четири меча против најпопуларниот и еден од најдобрите играчи на сите времиња.
Изненадувањето е уште поголемо ако се знае дека минатата сезона Урсенбахер победи само на три меча на Про турот и беше во опасност да биде елиминиран од турнирите од елитното ниво.
„Не ви треба посебен мотив кога играте против најдобриот во светот. Рони е легенда. Имав свој ден, тој не. Се надевам дека ова е најава за подобри денови во мојата кариера“, изјави Урсенбахер.