Њукасл постигна договор со австралискиот клуб Централ Коуст Маринерс за трансфер на напаѓачот Гаранг Куол. Како што објави „Скај спорт“, 18. годишниот Австралиец ќе се пресели во Њукасл во јануари.
„Ова е нереално. Како момче во Австралија, Премиер лигата е главната работа што сите ја гледаат, но никој навистина не мисли дека може да ги достигне тие височини. Да се биде еден од тие луѓе, да се биде на позицијата на која сум во моментов е неверојатно“, рече Куол.
Тој го имаше своето деби за Австралија против Нов Зеланд минатата недела и стана најмладиот играч по Хари Кјуел во 1996 година. Куол го имаше своето деби за Маринерс во април, постигнувајќи четири гола на седум натпревари.