Францускиот првак Пари Сен Жермен подготви нов договор за аргентинската ѕвезда Лионел Меси. Иако најавите се дека тој ќе го напушти Париз по завршување на сезоната, ПСЖ ќе му понуди нов едногодишен договор на Меси со опција за продолжување на уште една сезона.
Актуелниот договор на Меси со Пари Сен Жермен истекува на крајот на сезоната.
Шпанските медиуми најавуваат дека Аргентинецот сака да се врати на „Камп Ноу“, со оглед дека во текот на целата кариера настапуваше за Барселона пред да се пресели во францускиот гигант во 2021 година.
Во август 2021 година, Меси се пресели во Пари Сен Жермен бидејќи Барселона не можеше да потпише нов договор со него поради финансиските регулативи на Ла Лига.