Со фантастичен круг од четвртиот сектор на патеката Бурирам во Тајланд, Марко Беѕеки ја освои својата прва пол-позиција во кариерата во Мото ГП, поставувајќи нов рекорд од 1:29.671 на патеката.
Мотоциклистот на „VR46“ имаше дефицит од речиси десетинка на крајот од третиот сектор, но го надомести во последниот, бидејќи во финишот го победи Хорхе Мартин за 0,021 секунда. Последен во првиот ред утре ќе стартува ѕвездата на Дукати, Франческо Бањаја, кој беше за 0,104 побавен од Беѕеки.
Лидерот во генералниот пласман во Мото ГП и актуелен носител на титулата Фабио Квартаро ќе стартува четврти, а во вториот ред им се придружија сонародникот Јоан Зарко и четирикратниот победник од 2022 година, Енеа Бастианини.
Победникот на трката во Јапонија минатата недела, Џек Милер, ќе го предводи третиот ред, а на Австралиецот ќе му се придружат Марк Маркез и тимскиот колега на Беѕеки, Лука Марини.
A FIRST POLE POSITION FOR MARCO BEZZECCHI! ?️?️?️@VR46RacingTeam are LOVING that! ?#ThaiGP ?? pic.twitter.com/zCyfPxyBRg
— MotoGP™? (@MotoGP) October 1, 2022