Борусија Дортмунд го доживеа третиот пораз во Бундеслигата откако загуби на гостувањето кај Келн со 3:2. „Милионерите“ поведоа со голот на Џулијан Брант во 31.минута, а Келн возврати силно на почетокот на вториот дел. Хајнс, Тигс и Љубичиќ стрелаа за пресврт од 3:1, а потоа Шмиц си постигна автогол.
Лајпциг лета високо по промената на тренерот и со 4:0 го победи Бохум. По два гола поделија Тимо Вернер и Нкунку за убедлив триумф.
Ајнтрахт Франкфурт славеше против Унион Берлин со 2:0, а Фрајбург беше посупешен од Мајнц со 2:1. Триумф оствари и Волфсбург против Штутгарт, со 3:2.