Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски продолжи со одлични игри во дресот на Абердин. Тој постигна два гола во дуелот против Килмарнок што неговиот тим го доби со 4:1.
Миовски првиот гол го постигна во 25. минута од пенал, а потоа пред паузата одлично се снајде пред противничкиот гол и го зголеми водството на неговиот тим. Теренот го напушти во 66. минута.
За Миовски ова е седми гол во шкотското првенство со што е на делба на второто место на листата на стрелците.