Во пресрет на новата сезона во Премиерлигата, Борнмут го донесе и третото засилување. Нов играч на овој клуб е Колумбиецот, Џеферсон Лерма (23).
Бурнмут на Леванте за овој трансфер ќе му плати 25 милиони фунти, што претставува нов клупски рекорд. Претходно најмногу пари Борнмут издови за Холанѓанецот, Нејтан Аке (20 илиони фунти).
Лерма во изминатите три сезони играше во Леванте, а беше стандарден во репрезентацијата на Колумбија на Светското првенство во Русија. Колумбија испадна во осмина-финалето, а Лерма ги одигра сите четири натпревари.