Top Sport

Миовски: Сакам да бидам најдобар стрелец во првенството на Шкотска

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски игра одлично во дресот на Абердин. Тој беше двоен стрелец и изминатиов викенд за својот тим во триумфот (4:1) против Килмарнок и стигна до седум гола во првенството на Шкотска.

Миовски го дели второто место на листата на стрелците со напаѓачот на Селтик, Кијого Фурухаши, а има еден помалку од Хрватот Антонио Чолак од Глазгов Ренџерс.

„Моја цел е да бидам најдобар стрелец во Шкотска, тоа е сон на секој напаѓач кога ќе дојде во една ваква силна лига. Го избрав Абердин токму поради офанзивниот стил на фудбал што се негува, мислам дека добро се вклопи и ќе се трудам да бидам ефикасен. Имам одлична соработка со соиграчите, а уживам и во односот со навивачите, тии се моја огромна мотивација за да дадам сѐ на теренот. Постигнав седум гола, задоволен сум и се надевам дека вака ќе продолжам“, изјави Миовски.

Scroll to Top