Top Sport

Наполи го посрамоти Ајакс пред своите гледачи, Барса „падна“ на „Сан Сиро“

Наполи стигна до најневеројатната победа во третото коло во Лигата на шампионите, доминирајќи на гости во Амстердам за 1:6 победа над Ајакс, а вечерта беше добра и за нивните италијанските ривали, Интер, кои издржаа за 1:0 победа над Барселон во дербито на мечот.

Ливерпул се врати на победите со 2:0 победа над Глазгов Ренџерс на „Енфилд“, но Атлетико Мадрид загуби со 2:0 на гостувањето кај Клуб Бриж во два интересни дуели.

На „Амстердам арената“, домаќините поведоа по само 9 минути со голот на Кудус, но тоа беше единственото што беше за славење за „копјаниците“. Џакомо Распадори израмни во 18. минута, Џовани ди Лоренцо стрелаше во 33. минута, а Пјотр Зиелински со гол во финишот на полувремето осигура 1:3 предност на полувреме. Но, „партенопеи“ не застанаа тука – Распадори во 47. минута зголеми на 1:4, а Квича Кварацхелија во 63. минута даде гол, па замина на клупата за и Елиф Елмас да добие шанса. Навивачите на Ајакс почнаа да си одат од стадионот, а капитенот Душан Тадиќ доби втор жолт картон во 73. минута, за Џовани Симеоне во 84. минута да го компетира фантастичниот триумф.

Интер, пак, и покрај постојаната иницијатива на Барса, успеа да стигне до 1:0 победа над Барселона во големото дерби. Хакан Чалханоглу со прекрасен гол во самиот финиш на првото полувреме им донесе важна предност на „нераѕурите“, која со помош на ВАР системот ја заддржаа во второто. Педри постигна гол во 67. минута, но беше поништен поради претходно играње со рака, за потоа во 91. минута, ВАР да реагира за да нема пенал за гостите при играње со рака. Победата доаѓа како мелем за тренерот Симоне Инзаги, кој беше под притисок по слабат форма во Серија А.

Ливерпул на „Енфилд“, поведе со прекрасниот гол на толку критикуваниот Трент Александер-Арнолд по само седум минути игра, пред Мохамед Салах да ја потврди победата со гол од пенал во 53. минута. Клуб Бриж, пак, стигна до голема 2:0 победа над Атлетико Мадрид со головите на Совах (36.) и Џуглта (62.). И Порто стигна до важна 2:0 победа над Баер Леверкузен, додека Ајнтрахт Франкфурт и Тотенхем одиграа здодевно 0:0 реми.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 3.КОЛО, ПО ПРВО ПОЛУВРЕМЕ
ГРУПА А
Ливерпул – Глазгов Ренџерс 2:0
Ајакс – Наполи 1:6

ГРУПА Б
Клуб Бриж – Атлетико Мадрид 2:0
Порто – Баер Леверкузен 2:0

ГРУПА Ц
Интер – Барселона 1:0

ГРУПА Д
Ајнтрахт Франкфурт – Тотенхем 0:0

Scroll to Top