Италија нема да игра на Мундијалот во Катар, а „виновник“ за тоа е Македонија. Повторно ќе се сретнат овие две селекции и во квалификациите за ЕВРО 2024, а селекторот на „аѕурите“, Роберто Манчини, не е многу среќен поради тоа.
„Имав некое претчувство дека ќе ги добиеме Англија или Франција. Но, секогаш е предизвик да се игра против Англија на Вембли. За Македонија што да кажам…Тоа е најтешкиот ривал од четвртиот барабан. Плус, тука ја имаме и Украина. Добивме многу тешка група“, изјави Роберто Манчини, селекторот на Италија.