Top Sport

„Артета не знае да работи со големи ѕвезди“

Габонскиот фудбалер Пјер-Емерик Обамејанг минатата зима го напушти Арсенал. Обамејанг буквално беше избркан од тимот, откако претходно менаџерот Микел Артета му ја одзеде капитенската лента. Колку беше непожелен во тимот, покажува и фактот дека Арсенал без оштета го пушти во Барселона. Наводно, тогаш Обамејанг сакал да се пресели од Арсенал во Челзи.

Ауба сега е во Челзи каде досега постигна два гола, а Арсенал од друга страна е осамен на врвот во Премиер лигата со бод повеќе од Сити. Сепак, Обамејанг не жали што си заминал од „Емирати“ и вели дека Артета не знаел да работи со него.

„Артета не знае како да се справи со големи личности, со големи играчи. Тој сакаат млади играчи кои не кажуваат ништо, кои не одговараат, кои само слушаат“, рекол Аубамејанг не знаејќи дека разговорот се снима.

 

Scroll to Top