Top Sport

Петровиќ: МЗТ Скопје има сили да обезбеди опстанок во АБА лигата

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Петровиќ, немаше многу што да им замери на кошаркарите по поразот од Партизан (74:92) во првиот меч на домашен терен во АБА лигата. Тој вели дека тимот игра добра кошарка и верува дека ќе обезбеди опстанок.

„Мислам дека во грч го почнавме натпреварот, во првата четвртина повторно ги имавме тие фамозни девет поени. Не беше толку слабо, имавме шест отворени шутеви за тројка, да погодевме половина од нив резултатот немаше да биде толку убедлив. Но, тогаш Партизан ја направи разликата. Јас не сум задоволен кога мојот тим губи, но не можам да бидам незадоволен од тоа како моите играчи се залагаат на терен. Партизан е евролигашка екипа, ние имаме тежок распоред и во првите две кола играме со ривали од Евролигата. Верувам дека ќе биде уште подобро, затоа што играме добра кошарка. Ако продолжиме вака, мислам дека МЗТ Скопје има сили и квалитет да обезбеди опстанок и следната година да се натпреварува во елитата на АБА“, изјави тренерот на МЗТ, Александар Петровиќ, по мечот.

Scroll to Top