Top Sport

Потер: Предизвик е да се игра на „Сан Сиро“

Челси мора да биде подготвен за тежок натпревар и голема пресметка во Лигата на шампионите вечерва против Милан, изјави менаџерот на лондонскот тим, Грем Потер.

„Предизвик е да се игра и да се победи на „Сан Сиро“, а токму тоа е она што треба да се обидеме да го направиме. Ова ќе биде сосема поинаков натпревар од првиот во Лондон. Милан ќе се обиде да ја искористи домашната предност. Два добри тима, две можеби рамноправни екипи. Ќе биде фантастичен натпревар и навистина се радувам за тоа. Милан има фантастични играчи, тие се навистина добро организиран тим“, истакна менаџерот на Челси.

Фудбалерот на Челси, Тијаго Силва, се враќа на „Сан Сиро“, каде играше за Милан и ја освои Серија А, а Потер го пофали 38-годишниот фудбалер, велејќи дека неговата иднина во англискиот клуб е во негови раце.

„Тој е огромен професионалец, лидер и одличен фудбалер. Тој е и одлична личност. Се запознаваме подобро, но можам да кажам дека само од него зависи дали ќе сака да остане во Челси и следната сезона. Тој е еден од мотиваторите во соблекувалната“, изјави Потер.

Челси и Милан имаат по четири бода во групата Е, а лидер е Салцбург со еден бод повеќе.

Scroll to Top