Top Sport

Баерн Минхен постави нов рекорд, 11 победи по ред во групите на ЛШ

Баерн Минхен постави нов рекорд во Лигата на шампионите. Баварците го совладаа Плзен со 2:4 на гости и имаат максимален ефект по четити кола во „групата на смртта“ каде се наоѓаат и Интер и Барселона.

Германскиот тим ја забележа 11-та последовна победа во групната фаза на натпреварувањето и обезбеди пласман во осмина-финалето.

Нивен последен натпревар во група без победа беше на 1 декември 2020 година кога ремизираа 1:1 со Атлетико Мадрид, а последниот пораз во групната фаза од Лигата на шампионите дојде пред 5 години и беше 0:3 на гости кај Пари Сен Жермен.

Scroll to Top