Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ доведе двајца нови странци за да ја пополни дупката што се појави со повредата на Донован Доналдсон. Нови кошаркари на тимот од населбата Тафталиџе се Џермејн Бишоп и Дупри МекБрејер.
Бишоп всушност е повратник во тимот, со оглед дека и минатата сезона играше за ТФТ.
Дупри МекБрејер доаѓа од германскиот второлигаш Нирнберг каде лани имаше просек од 13.0 поени, 2.9 асистенции и 2.6 скока на 32 одиграни натпревари.
ТФТ се подготвува за настапот во АБА 2.