Шефот на организациониот комитет на Светското првенство во Катар 2022, Насер Ал-Хатер објави дека на првенството ќе има посебни зони на кои навивачите кои се алкохолизирани ќе можат да се трезнат.
Вообичаено, продажбата на алкохол е забранета во Катар, но за време на Мундијалот од 20 ноември до 18 декември ќе биде дозволено и во фан-зоните и пред стадионите.
„Има планови за тие кои пиеле премногу и треба да се отрезнат. Ќе има посебно место каде што тие луѓе ќе бидат безбедни и во исто време нема да пречат и да бидат закана за другите луѓе“, вели Ал-Хатер.
Околу правата на туристите кои се припадници на ЛГБТ заедницат, Ал-Хатаер инсистира дека хомосексуалните двојки ќе можат да се држат за раце и дека нема да има дискриминација.
„Ние само бараме да ја почитуваат нашата култура. На крајот, ако не направиш нешто што му штети на некого, и не уништуваш јавна сопственост, тогаш сите се добредојдени“, објаснува Ал-Хатер.