Играчот од средниот ред на Астон Вила, Даглас Луиз, потпиша нов долгорочен договор со клубот. Претходниот договор на Бразилецот истекуваше на крајот од сезоната.
Минатото лето клубот од Бирмингем одби неколку понуди за него. Најзеинтересиран беше Арсенал, но интерес имаше и од други клубови од Премиерлигата.
Луиз (24) е во клубот од 2019 година откако пристигна од Манчестер Сити. За Астон Вила има одиграно 120 натпревари, додека за репрезентацијата на Бразил има девет настапи.
Aston Villa is delighted to announce that @DGOficial has signed a new long-term contract with the club! 💜
— Aston Villa (@AVFCOfficial) October 14, 2022