Top Sport

ПСЖ и Јунајтед ќе тргнат по потписот на Лаутаро

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез е желба на Пари Сен Жермен и Манчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок, тврди „Газета дело Спорт“.

Лаутаро игра во добра форма од почетокот на сезоната. Блескаше во средата на „Ноу Камп“ во Барселона, кога неговиот Интер ремизираше 3:3.

ПСЖ и Јунајтед наводно оствариле контакт со менаџерот на 25.годишниот фудбалер, чиј договор со Интер истекува во 2026 година.

„Газета дело Спорт“, пишува дека Мартинез во овој момент не сака да си замине од „Џузепе Меаца“.

ПСЖ сметаат дека со евентуалниот трансфер на Лаутаро, ќе го убедат Лео Меси да остане во клубот. Меси и Лаутаро покрај тоа што се соиграчи во репрезентацијата се и добри пријатели.

Од друга страна, Јунајтед има потреба од нов напаѓач, бидејќи очигледно е дека менаџерот Ерик тен Хаг не смета на Кристијано Роналдо.

Scroll to Top