Ливерпул и Манчестер Сити вчера го одиграа дербито од 11. коло во англиската Премиерлига. Конечниот резултат беше 1:0 во корист на Ливерпул, а победата ја донесе Салах со гол во 76. минута. Претходно, на почетокот на вториот дел, голот на Фоден беше поништен поради претходен фаул на Халанд при истата акција.
По натпреварот на „Енфилд Роуд“ дојдоа тешки обвинувања од таборот на Манчестер Сити против домаќините. Имено, нападнат е автобусот на англискиот шампион.
Во таа прилика бил фрлен предмет кој го оштетил прозорецот на автобусот, но не го скршил целосно, пишува „Скај Спортс“.
Manchester City say team bus was attacked after Liverpool defeat https://t.co/t5HIhYz9ji
— Sky News (@SkyNews) October 17, 2022