Македонскиот кошаркарски прволигаш Гостивар потпиша договор со Арсеније Вучковиќ, кошаркар кој се враќа во овој клуб по три години. Тој треба да биде големо засилување, а доаѓа пред утрешната средба против МЗТ Скопје Аеродром, последен меч од второто коло домашниот шампионат.
„Кога првпат дојде во Гостивар имаше само 21 година и доаѓањето во нашиот клуб беше прв интернационален предизвик. Сега веќе на 24 години со солидно интернационално искуство во Црна Гора и Чешка се враќа повторно од каде што започна неговата интернационална кариера. Сигурни сме дека нема да му биде тешко да се вклопи во тимот, затоа што веќе знае како е да се игра пред најдобрата публика во Македонија!“, изнформираат од Гостивар.
Минатата сезона Арсеније Вучковиќ ја мина во Првата лига на Чешка каде имаше просек од 14.9 поени и 6.8 скока по натпревар.