Хафтор Бјорнсон, поранешниот „најсилен човек на светот“ кој стана популарен како актер во серијата „Игра на тронови“, вели дека се повлекува од боксот по само четири меча, признавајќи дека никогаш не му се допаѓал тој спорт.
Исланѓанецот во последниот меч го победи својот стар ривал, Британецот Еди Хол во меч во кој доминираше, по што имаше најави дека ќе влезе во рингот со ВБЦ шампионот во тешка категорија, Тајсон Фјури, кој дури отпатува до Исланд да го „бара“ Тор.
„Признавам дека имаше преговори со Тајсон Фјури, односно со неговиот тим, но ништо не испадна од тоа. Сега ја направив тешката одлука да се повлечам од боксот, да не влегувам во рингот повторно. Имав добра серија, две и пол години и мислм дека е доста. Докажав на многу луѓе дека можам да се носам со предизвикот, но во основа страста не беше тука. Никогаш не сум го сакал овој спорт. Тоа е вистината“, вели Бјорнсон.
Бјорнсон си заминува од боксот со четири меча, од кои два беа егзибициски. Лани тој го победи Девон Ларат со нокаут во првата рунда.