Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез, одигра многу добар натпревар во победата од 1:0 над Вест Хем. Токму со неговиот гол Ливерпул успеа да освои нови три бода, а освен тој погодок, Нуњез имаше уште неколку можности да ја затресе мрежата на Фабијански. Но, тој беше закана и по крилните позиции, а при еден од спринтовите, Уругваецот забележа брзина од 38 км/час.
Иако се уште нема официјална потврда од статистичарите од Премиерлигата, кога тоа ќе се потврди, ќе биде нов рекорд.
Претходниот рекорд го држеше Кајл Вокер со 37,8 км/час од 2020 година.