Најозлогласениот кошаркар во НБА во последиот период, Дрејмонд Грин, можеше да му нанесе сериозна повреда на Никола Јокиќ на синоќешниот дуел меѓу Голден Стејт Вориорс и Денвер Нагетс (123:128).
Крилниот центар на „воините“ се обиде да го сопре Србинот и со целата тежина падна на неговата нога. За среќа, Јокиќ избегна повреда, продолжи да игра и на крајот оствари трипл-дабл, а неговиот тим стигна до триумф.
Draymond Green checked in on Nikola Jokic after going for the ball and falling on him.pic.twitter.com/khibGbprGa
— ClutchPoints (@ClutchPointsApp) October 22, 2022