Top Sport

Кипсерем доби тригодишна суспензија поради допинг

Двократниот победник на маратонот во Ротердам, Мариус Кипсерем, доби три години суспензија од Светската атлетска федерација, откако беше позитивен на тестот за забранетата супстанца еритропоетин (ЕПО).

Кипсерем станува седмиот Кениец што е казнет оваа недела за прекршување на правилата за допинг, приклучувајќи им се на шампионката на Бостонскиот маратон од 2021 година, Дијана Кипјокеи и Бети Вилсон Лемпус, кои беа суспендирани поради употреба на забранети супстанции.

Останатите казнети се Ибрахим Мукунга и Кенет Кипроп Рењу, Марк Кангонго и Филип Качеран.

Позитивниот тест на Кипсерем е од 20 септември годинава.

Scroll to Top