Фудбалската репрезентација на Македонија забележа пораз (1:0) од Саудиска Арабија на пријателскиот натпревар во Абу Даби. Домаќинот постигна гол во 85.минута, но во финишот не беше досуден очигледен пенал за Македонија.
Љупчо Дориев вели нашиот национален тим одиграл квалитетно и заслужил да остане непоразен.
„Одигравме навистина одличен натпревар. Дисциплинирано од почеток, без да дозволиме противникот да наметне свое темпо или да создава сериозни шанси. Ние бевме добро позиционирани, опасни на моменти и штета што во самиот финиш не бевме наградени со добар резултат. Не беше досуден чист пенал. Секоја чест за моите колеги, од прв до последен, за прикажаната игра. Треба да бидеме горди на нас самите и да се бориме и понатаму за место во репрезентацијата“, изјави Љупчо Дориев, по пријателскиот меч со Саудиска Арабија.