Барселона го декласира Атлетик Билбао во 11.коло во Примера. Тимот кој од клупата го предводи поранешниот тренер на Барселона, Ернесто Валверде, прими четири гола на „Ноу Камп“.
Она што требаше да биде дерби, од стартот се претвори во улица со еден смер. Барселона ги декласираше Баските за само 10 минути. Во интервал од 12. до 22. минута Унаи Симон го совладаа Дембеле. Роберто и Левандовски.
Второто полувреме мина во бавен ритам, играчите на форсираа, но сепак постигнаа гол. Феран Торес погоди во 73.минута откако му асистираше играчот на натпреварот Дембеле.