Top Sport

Осимен го реши дербито во Рим – Наполи не ја дава лидерската позиција

Фудбалерите на Наполи ја совладаа Рома на „Олимпикo“ со 0:1 (0:0) во 11. коло од Серија А. Наполитанците ја забележаа 11. последовна победа во сите натпреварувања. Немаат пораз од почетокот на сезоната, со девет победи и две нерешени се лидери на табелата.

Наполи со победата над Рома сериозно ја истакна кандидатурата за шампионската титула.

Одиграа зрел натпревар во Рм, ги задржаа Николо Заниоло и Тами Абрахам кои им создадоа многу проблеми. Наполи, најдобрата имаше преку Виктор Осимен во 77. минута, кога промаши од изгледна позиција.

Сепак, не згреши две минути подоцна кога го мина Смолинг и успеа да го совлада Руи Патрисио. Впечаток е дека португалскиот голман можеше подобро да реагира.

Scroll to Top