Поранешниот фудбалер и „преоден“ менаџер на Манчестер јунајтед, Мајкл Керик е именуван за нов менаџер на клубот од англиската втора лига, Мидлзборо. Ова е прва постојана работа на Керик како менџер откако работеше како помошник на Оле Гунар Солскјер и Жозе Мурињо во Јунајтед по крајот на фудбалската кариера.
41-годишиот Керик ќе го замени Крис Вајлдер, кој доби отказ овој месец.
„Возбуден сум што станувам дел од клуб со долга историја и траиција. Мидлзборо беше првиот професионален клуб за кој играв како деветгодишно момче, така што емоциите се големи. Знам што значи Боро за луѓето и ова е привилегија за мене да бидам во ваква позиција“, вели Керик, кој беше преоден менаџер на Јунајтед минатата сезона кога Солскјер доби отказ во ноември 2021 и беше непоразен во три меча по што беше заменет со Ралф Рангник.
Со Јунајтед, Керик освои пет титули од Премиерлигата, една од Лигата на шампиони, една од Лига Европа и еден ФА куп.
The club is delighted to announce the appointment of Michael Carrick as Head Coach 🤝
Welcome to #Boro, Michael! 🔴⚪️ #UTB
— Middlesbrough FC (@Boro) October 24, 2022