Русинката Јулија Ефимова стигна до третиот медал и второ индивидуално злато на Европското првенство во пливање, откако триумфираше на 200 метри градно со убедлива предност од над секунда и пол пред Шпанката Џесика Ваљ Монтеро.
26-годишната Ефимова, која претходно победи и на трката на 100 метри градно, а освои и бронза како дел од руската „мешана“ машко-женска штафета на 4х100 слободно, е во одлична форма во Глазгов, каде што не наиде на најдобар прием на публиката, која смета дека таа заслужува доживотна суспензија поради допинг-прекршоците.
Ефимова во јануари 2014 беше позитивна на стероидот ДХЕА и доби 16-месечна суспензија, и загуби два светски рекорди. Кога се врати на спортот во 2016, таа беше позитивна на контроверзното средство мелдониум (на кое беше позитивна и Марија Шарапова), кое што само што беше ставено на листата на недозволени средства. ФИНА официјално застана во одбрана на Русинката тврдејќи дека „немало намера за допингување“.
It is bronze for Molly Renshaw in the 200m breaststroke! ? pic.twitter.com/WhVyLgBBjp
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) August 7, 2018
Нејзината сонародничка, Анастасија Фесикова освои злато на 100 метри грбно, победувајќи ја Британката Џорџија Дејвис, која претходно ја победи на 50 метри грбно. Времето на Фесикова беше 59.19 и со неа стигнува до својата втора европска титула, 10 години по првата во 2008 година (кога беше позната по своето моминско презиме Зуева).
Домаќините, сепак, се радуваа во трката на 200 метри слободно во машка категорија, откако Данкан Скот од осмата лента ги победи фаворитите со време од 1:45.34, пред Литванецот Данас Рапсис и Русинот Михаил Довгаљук.
Duncan Scott takes a hugely impressive gold in the 200m Freestyle! ? #EC2018 #Glasgow2018 pic.twitter.com/YrCqPNN7lD
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) August 7, 2018
ЕП ПЛИВАЊЕ, ГЛАЗГОВ
1.500 М СЛОБОДНО (Ж)
1.Симона Квадареља (Ита) 15:51.61
2.Сара Келер (Гер) 15:57.85
3.Ајна Кесељ (Унг) 16:03.22
50 М ПЕПЕРУТКА (М)
1.Андриј Говоров (Укр) 22.48
2.Бенџамин Прауд (Бри) 22.78
3.Олег Костин (Рус) 22.97
100 М ГРБНО (Ж)
1.Анастасија Фесикова (Рус) 59.19
2.Џорџија Дејвис (Бри) 59.36
3.Карлота Цофкова (Ита) 59.61
200 М ГРАДНО (Ж)
1.Јулија Ефимова (Рус) 2:21.31
2.Џесика Ваљ Монтеро (Шпа) 2:23.02
3.Моли Реншоу (Бри) 2:23.43
200 М СЛОБОДНО (М)
1.Данкан Скот (Бри) 1:45.34
2.Данас Рапсис (Лит) 1:46.07
3.Михаил Довгаљук (Рус) 1:46.15
4х200 М СЛОБОДНО (Ж)
1.Велика Британија 7:51.65
2.Русија 7:52.87
3.Германија 7:53.76