Top Sport

Скандалозна грешка на Евролигата, среќа за нив е што Реал доживеа пораз

Кошаркарите на Реал Мадрид во четвртокот беа поразени од Виртус во 5. коло од Евролигата. Натпреварот заврши со победа на италијанскиот тим 95:92, но можеше да заврши со скандал доколку Виртус имаше поен или два помалку.

На седум минути до крајот на натпреварот Виртус водеше со 14 поени разлика (80:66) и имаше контра напад. Во моментот кога кошаркарот на Виртус постигна поени, на семафорот беше пишан и еден поен за Реал.

Статистиката на Евролигата покажа дека во тој момент Џанан Муса постигнал поен од линијата за слободни фрлања.

Во статистиката стои дека Муса од пет обиди постигнал четири поени од линијата за слободни фрлања, но реалноста е дека кошаркарот од БиХ, погоди три од четирите слободни фрлања.

Среќа за Виртус Болоња и Евролигата, што Реал не победи, во спротивно ќе се случеше вистински скандал, вака веројатно се ќе помине незабележано.

 

Scroll to Top