Менаџерот на Фулам, Марко Силва признава дека е воодушевен од формата на неговиот прв напаѓач, Србинот Александар Митровиќ во повратничката сезона во Премиерлигата.
Митровиќ лани имаше 43 гола во 44 настапи во англиската втора лига (Чемпионшип), но постоеја сомнежи дали може да игра на исто ниво во Премиерлигата, пред тој да одговори со 9 гола во досегашните 11 меча во Премиерлигата.
„Тој го прави истото што го правеше и лаани. Се подготвуваме на ист начин, и нема никави промени. Неговите бројки се навистина неверојатни. Од моето пристигнување во овој фудбалски клуб, тој има 52 гола во 57 меча. Тоа е неверојатна бројка за било кој напаѓач. Сакам да продолжи да ужива на теренот и да му дадеме шанси да биде уште подобар. Ако добива повеќе топки, знам дека ќе дава повеќе голови“, вели Силва пред саботниот меч против Евертон.