Top Sport

Заврши бракот помеѓу Брејди и Жизел

Супермоделот Жизел Бундшен и НФЛ легендата Том Брејди во петокот потврдија дека ќе се разведат по 13 години брак, комплетирајќи го разводот „пријателски“.

Шпекулациите околу врската на 45-годишниот Брејди и 42-годишната Бундхен беа огромни по одлуката на Брејди да се пензионира од НФЛ, пред ненадејно да реши да продолжи со спортот. Тие имаат 12-годишен син Бенџамин Реин и 9-годишна ќерка Вивијан Лејк заедно, додека Брејди има и уште еден син, Џек од претходната врска со актерката Бриџит Мојнахан.

„Мојата сопруга и јас го финализиравме разводот по 13 години брак. Дојдовме до оваа одлука пријателски и со благодарност за времето кое го поминавме заедно. Благословени сме со прекрасни деца кои ќе продолжат да бидат центар на нашиот свет. Ќе работиме заедно како родители за тие да добијт внимание и љубов кои ги заслужуваат. Бараме дад се почитува нашата приватност“, напиша Брејди на Инстаграм.

Двојката се сретна во 2006 на „слеп состанок“ договорен од заеднички пријател, а од 2007 година тие беа заедно.

Scroll to Top