Top Sport

Калин Ивановски ќе игра финале на турнирот во Ираклион

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се пласира во финалето на турнирот во Ираклион, Грција. Тој во полуфиналната пресметка славеше со 2:0 во сетови против Италијанецот Андреа Гутиере.

Калин Ивановски го доби првиот сет во тај-брејк, а во вториот беше поубедлив и го доби со 6:3 во гемови.

Во финалето Ивановски го очекува победникот од мечот меѓу Себастијан Гима и Павел Неједли.

Scroll to Top