Рускиот тениски ас, Данил Медведев пласманот на АТП финалето во Торино го запечати со титулата од Виена опен во Австрија, каде што се врати по лошиот старт за 4:6/6:3/6:2 победа над Канаѓанецот Денис Шаповалов, додека Феликс Оже-Алијасим освои трета титула во низа, победувајќи на домашниот турнир на Роџер Федерер, Свис опен во Базел.
Шаповалов имаше одличен прв сет, освојувајќи го со 6:4, но потоа почна да се мачи на свој сервис, правејќи шест двојни сервис грешки и дозволувајќи му на Русинот да ја презеде контролата. Ова е втор пораз во финале за Шаповалов оваа сезона по тој на Корејскиот опен во септември. Ова е 15-та АТП титула за Медведев во кариерата, со што се израмни со неговиот сонародник, пораншниот светски број 1, Марат Сафин.
Неговиот сонародник, Оже-Алијасим пак продолжи со неверојатната тениска есен, победувајќи го Данецот Холгер Рун со 6:3/7:5 во швајцарското финале. Оже-Алијасим нема загубено меч од 3 октомври на Астана опен, по што ги освои титулите од Фиренца и Антверпен.