Top Sport

Фиорентина извлече победа кај Специја, продолжи лошата форма на Удинезе

Лошата серија на Фиорентина, конечно, беше прекината откако со гол во 91. минута стигнаа до победа кај Специја, додека во мини-криза се Удинезе, кои по фантастичниот старт на сезоната сега имаат четири меча без победа по 0:0 ремито кај „фенерџијата“ Кремонезе.

Виола дојде во водство во 14. минута од мечот со голот на Никола Миленковиќ, но гостите не успеаја да го заддржат водството откако М’Бала Нзола израмни во 42. минута. На Фиорентина им помогна тоа што Специја последните десетина минути од мечот ги играше со 10 играчи по црвениот картон на Николау, нешто што во 91. минута го икористи Артур Кабрал за победничкиот гол.

Фиорентина по првата победа по четири меча се искачува на 12. место на табелата со 13 поени, додека Специја е на 16. место со 9 поени.

СЕРИЈА А, 12.КОЛО
Кремонезе – Удинезе 0:0
Специја – Фиорентина 1:2


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top