Невројатниот старт на сезоната на Унион Берлин, продолжува, откако клубот од германската престолнина стигна до драматична 2:1 победа над Борусија Менхенгладбах, за да се вратат на првото место на Бундеслигата пред моќните Баерн Минхен.
Во меч во кој двапати им беше поништен гол на „Алтен Ферстерај“, на „железните“ од Берлин им беше потребен гол во 97. минута од мечот за да освојат три поени. Во 29. минута им беше поништен голот на Шералдо Бекер поради играње со рака, за само три минути подоцна да примат гол преку Нико Елведи.
Гладбах останаа во водство до 79. минута, кога Кевин Беренс успеа да израмни, пред во 86. минута да им биде поништен и втор гол, овојпат поради офсајд. Сепак, среќата ги посака домаќините во 97. минута кога Данило Декли ја обезбеди осмата победа во 12 кола на Унион.
Унион имаат 26 поени на врвот на табелата пред Баерн со 25 и Борусија Дортмунд со 22, додека Менхенгладбах се само 10. со 16 поени.
Scenes!!! The Union Berlin last minute winner by Doekhi. Long may this run continue. pic.twitter.com/V6QjLdrHSC
— Manuel Veth (@ManuelVeth) October 30, 2022