Фудбалерот на Барселона и репрезентативец на Брегот на Слоновата kоска, Франк Кeси сака да го напушти каталонскиот клуб во зимскиот преоден рок. Кеси е незадоволен од епизодната улога што ја има кај тренерот Чави.
Кеси во летниот преоден рок пристигна во Барселона како слободен играч, а со каталонскиот клуб потпиша четиригодишен договор. Барселона во договорот стави откупна клаузула од 500.000.000 евра.
„Калчомеркато“, тврди дека Кеси сака поголема минутажа од тренерот и се заканил де и се закани дека ќе си замине веќе во зимскиот преоден рок.
Интерес за репрезентативецот за Кеси, покажаа неколку клубови од Серија А, но мали се шансите Барселона да го продаде веќе во јануари.
„Калчомеркато“ истакнува дека челниците на Барселона се задоволни од професионалноста на поранешниот играч на Аталанта и Милан.
Кеси минатата сезона ја освои титулата во Серија А со Милан.