Top Sport

Калин Ивановски со голем скок на АТП листата

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски забележа голем напредок на најновото издание на АТП листата. Тој викендов го освои трофејот на ИТФ турнирот во Хераклион, со што заработи нови 15 поени.

Сега се наоѓа на 633. позиција на рангирањето со 42 поени, што е дури за 117 места подобро од минатонеделниот пласман.

Промени имаше и меѓу водечките, каде што по освоените титули напредуваа Данил Медведев кој е сега трет, и Феликс Оже-Алијасим на осмото место. Меѓу најдобрите десет се пласира и Хуркач, а на врвот и натаму се Карлос Алкараз и Рафаел Надал.

Scroll to Top