Кинески државјанин беше приведен во Белград затоа што брутално ја претепа својата ќерка тенисерка која не сакала да го продолжи тренингот. Откако дал исказ во полиција, тој е ослободен, а уште поскандалозна е неговата изјава. Тој тврди дека такво дисциплинирање е нешто сосема нормално во неговата земја Кина.
„Ќерка ми одбиваше да продолжи со тренингот и доби ќотек. На направив ништо погрешно. Вакво дисциплинирање е дозволено во Кина“, изјави таткото.
На видео – снимката се гледа како тој ја клоца со нозе, ја удира по главата, а тенисерката паѓа на земја и не смее да се брани.
That’s horrible !! https://t.co/HJNU2hAtH6
— Stanislas Wawrinka (@stanwawrinka) October 31, 2022