Голманот на Вардар,Борко Ристовски се наоѓа пред трансфер во Лемго. Ветеранот со челнот на германската Бундеслига треба да потпише договор не подолг од два месеца.
Лемго, има голем проблем со голманите. Првиот голман, Урх Кастелиц, поради повреда го очекува пауза од околу осум недели, а останатите тројца голмани немаат доволно искуство. Највозрасниот од нив има 22 години.
Ова значи дека во ноември и декември, Ристовски ќе брани за Лемго, а потоа ќе се врати во Вардар 1961.
Борко Ристовски има искуство во Бундеслигата. Бранеше за Гумерсбах во периодот 2012-2014, а во сезоната 20152016 со Рајн Некар Левен ја освои шампионската титула.