Златан Ибрахомовиќ, во интервјуто за Канал Плус, зборуваше на неколку теми, една од нив беше и Килијан Мбапе. Напаѓачот, во мај, реши да го продолжи договорот со ПСЖ. „Светците“ му понудија голема сума на пари, поради што го откачи Реал Мадрид.
„Дали го направи вистинскиот избор кога остана во Париз? За себе, не. За ПСЖ, да. Затоа што се стави во ситуација да биде поважен од клубот. Клубот му го дозволи тоа, но никогаш не си поголем од клубот. Но, како што децата растат и стануваат посилни, тие заработуваат се повеќе и полесно, па родителите стануваат адвокати, менаџери, тренери. Тука е проблемот. Тука се губи самодисциплината, забораваш кој си“, вели Ибрахимовиќ.
Тој овде не зборуваше конкретно за семејството на Мбапе, иако се знае дека таткото на Мбапе, Вилфред, прво бил тренер, а сега менаџер, додека неговата мајка Ламари Фаиза на социјалните мрежи го критикуваше ПСЖ бранејќи го својот син од навивачите кога гласни беа најавите дека ќе се пресели во Реал Мадрид.
„Тоа е проблемот. Така ја губиш самодисциплината, идентитетот. Денес, со овие нови генерации доаѓаат различни родители. Тогаш мајката или некој друг мислат дека се ѕвезди. Даваат изјави за разни медиуми. Што си мислат, кои воопшто се тие? Замолчи и седи си на местото. Вашиот син треба да работи и да биде дисциплиниран. Не го познавам Мбапе толку добро како личност. Како играч тој е феноменален. Но, кога ја губите дисциплината, го губите и идентитетот… Има причина зошто Зинедин Зидан е тоа што е. Ако Мбапе сака да го имитира, треба да знае дека тоа започнува со желбата за напредок“.