Top Sport

Де Лаурентис ја одреди цената за Кварацкелија – Сити, Ливерпул и Челси го следат Грузиецот

Грузиецот, Квича Кварацкелија блеска од почетокот на сезоната во тимот на Наполи. Крилниот напаѓач одлично се вклопи во системот на Лучано Спалети, создаде одлично партнерство во нападот со Виктор Осимен, а Наполи го држи лидерското место во Серија А. Во исто време Наполитанците лесно обезбедија пласман во осминафиналето, во Лигата на шампионите.

Кварацкелија го обележа есенскиот дел од сезоната, на 12 натпревари во Серија А веќе постигна шест гола, два пати беше стрелец и во Лигата на шампионите.

Грузиецот за сума од 10.000.000 евра, во летниот преоден рок пристигна во Наполи од Динамо Батуми. Неколку месеци подоцна тој вреди 10 пати повеќе.

Газдата на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, нема ништо против да го продаде во јануарскиот преоден рок, но само под услов доколку некој од заинтересираните клубови искешира 100.000.000 евра.

Медиумите пишуваат дека, во средата на „Енфилд“, кога Наполи му гостуваше на Ливерпул, скаути на Манчестер сити и Челси го следеле Кварацкелија. Покрај овие два клуба, интерес за Грзиецот покажува и Ливерпул.

Scroll to Top