Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжува со одлични настапи на турнирите ширум Европа. Откако го освои турнирот во Грција, тој продолжи победнички и на турнирот во Израел.
Ивановски денеска беше доминантен во дуелот со домашниот тенисер Ејал Шјовиц со 6:2, 6:1.
Ивановски одлично го отвори првиот сет, а во вториот буквално доминираше и на противникот му препушти само три гема.
Негов следен противник ќе биде подобриот од дуелот меѓу Бар Менахем и Цукиерман.