Новиот менаџер на Астон Вила, Унаи Емери, веќе ги прави плановите за зимскиот преоден рок. Емери има намера најпрвин да ја засили одбраната на тимот. Прва цел е Пау Торес од неговиот поранешен тим, Виљареал.
Шпанскиот дефанзивец се најде на мета на големите европски клубови по импресивните игри во дресот на „жолтата подморница“, а најчесто се поврзуваше со Манчестер јунајтед и Тотенхем.
Поради Емери, Вила сега може да дојде во пол-позицијата за неговиот потпис.
Откупната клаузула во договорот на Торес изнесува 55 милиони евра, наводно Астон Вила биле подготвени да платата 40 милиони евра за 25. годишниот дефанзивец.