Се подолга е листата на повредени фудбалери во пресрет на Светското првенство во Катар. Попалднево лоши вести доби Канада. Алфонсо Дејвис, најголемата ѕвезда на националниот тим, не го заврши натпреварот против Херта.
Левиот бек на Баерн Минхен, поради повреда, теренот го напушти во 62.минута.
„Според докторот скинато е најмалку едно мускулно влакно. Ќе треба да го почекаме утрешниот преглед за подетални информации“, изјави тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман.
Баерн попладнево, во Берлин, ја победи Херта со 3:2. Чупо-Мотинг постигна два, а Мусијала еден гол.
Репрезентацијата на Канада првиот меч на Светското првенство ќе го одигра против Белгија на 23.ноември.