Top Sport

Ф1 доби „џекпот“ во Лас Вегас

Иако првото Лас Вегас ГП се оддржува следниот ноември, Формула 1 доби фантастична реклама последните денови, откако возачите и тимовите пристигнаа во градот во пустината за прослава на договорот.

Во саботата, главното шоу беше во славното казино „Ceasars Palace“, каде што имаше возење на болиди, пит-стоп предизвик, Ф1 симулатори и шанса фановите да се доближат до скапиот спорт.

Присутни беа Луис Хамилтон, Серхио Перез, Џорџ Расел и Алекс Албон, а Хамилтон имше шанса да вози болид со неонско светло на подот возејќи низ улиците на градот.

Scroll to Top