Top Sport

Дрес на Халанд од 2017 година се продаде за 19.200 долари!

Фудбалските фанови подолго време се воодушевени од „роботот за голови“ Ерлинг Халанд, така што не чуди што некој богат навивач плати фантастични 19.000 долари да го добие неговите дрес кој тој го носел во меч од квалификациите за Европското првенство У-19 во 2017 година.

Иако и тогаш беше главен пред голот со девет постигнати голови, Норвешка не успеа да се квалификува за ЕП, но тоа не пречеше неговиот дрес со бројот 19 да се продаде за 19.200 долари во аукција организирана од „Голдин“. Според нивните информации, дресот е дониран на фондацијата на Пари Сен-Жермен од поранешниот агент на Халанд, Мино Рајола, кој беше негов застапник до неговата смрт во април 2022.

Scroll to Top